За среќа e важнa една работа, а многумина ја учат предоцна: Милијардерот Бафет со совет кој ќе ви го промени животот

фото:Profimedia

За среќа, важнa е само една работа, а многумина ја учат предоцна!

Милијардерот Ворен Бафет е сигурен дека до врвот го донеле правила што строго ги следел цел живот.

Пред скоро 20 години, за време на предавање на Универзитетот во Флорида, еден студент го прашал Ворен Бафет: „Ако можете да започнете од почеток, што би менувале?“

Одговорот што следел ја објаснува суштината на животот:
"Никој нема привилегија да живее двапати, но секој од нас има можност да го промени во животот она што не му се допаѓа. Најважно е да го правите она што го сакате, било да е тоа работа или приватен живот. Да ми понудеше некој кога почнував да заработувам милиони, да работам со луѓе што не ми се допаѓаат, веднаш ќе ја одбиев понудата.“

За да може човекот да биде среќен и успешен, мора да ужива во секоја секунда од животот. Секогаш правете го само она што го сакате, неговиот совет е едноставен, а еве како тоа ќе го промени целиот ваш живот:

Многу луѓе мислат дека се подразбира дека работата мора да биде стресна и непријатна, а вистината е сосема поинаква, само луѓето не се подготвени да бараат доволно долго. Стравот од промени и излегувањето од зоната на удобност ги спречува да постигнат успех и голема среќа. Човек мора да работи за да може да си дозволи добар живот, но повеќето забораваат дека мора да се забавуваат на истата работа.

Работното време од 8 часа е долг период, и ако сте незадоволни секој ден, тоа на крајот резултира со фрустрации кои влијаат и на вашиот живот.

Луѓето кои се зафатени со она што го сакаат се поотворени за нови можности. Тие се подготвени да прифатат предизвици и да ризикуваат, а кога не успеваат, тие знаат како да станат и да продолжат понатаму.

Правејќи го она што го сакате, создавате круг на позитивна енергија околу вас и на тој начин создавате поубав и среќен живот, а успехот тогаш е неизбежен.

извор:stil.kurir.rs