Забарите откриваат: како да ја намалите штетата на вашите заби предизвикана од пушењето?
Убавата насмевка е најчесто првото нешто кое го забележуваме кај некоја личност. Иако не се обрнува толку внимание на овие негативни ефекти како на остатокот од телото, свесноста за штетите што чадот од цигарите ги предизвикува на забите и усната шуплина се важни во процесот на откривање и решавање на проблемите со оралното здравје. Секој знае дека пушењето е лошо за Вашето здравје, но дали знаевте дека тоа исто така многупридонесува за проблеми со забите?
Eфектите на штетните материи врз забите може да доведат до расипување и да претставуваат предизвик кај реставративната стоматологија. Бидејќи штетните материи во чадот од цигарита предизвикуваат бројни проблеми како и пожолтивање на забите, резултатите од естетските третмани и зафати не се секогаш идеални. Д-р Ивана Ескиќ, специјалист по стоматологија која неодамна одржа интерактивна работилница „Поздрави и поубави без чад од тутун“ на поликлиниката Health Medic во Нови Сад открива детали за негативите влијанија на чадот од цигарите.
“Забите пожолтуваат, стануваат потемни, изгледаат лошо затоа што интензивните пигменти во чадот од тутун се вградуваат во самата структура на забите. Белеењето на забите нема некој долгорочен ефект бидејќи постојаната изложеност на чадот повторно ќе ја смени бојата. Забите на пушачите во принцип не можеме да ги избелиме. Лепливите честички од катранот, со кој чадот од цигарите изобилува, се депонираат во форма на темни дамки (пигментација од пушење) на површината на забите, а нивното отстранување е исто така голем предизвик за стоматолозите.“ – вели др. Ескиќ.
Според Американското стоматолошко здружение (АДА), долгорочната изложеност на чадот од цигарите предизвикува дамки, лош здив и намалено чувство за вкус. Со текот на времето, овие штетни материи можат да го компромитираат вашиот имунолошки систем, што може да доведе до несакани ефекти кои вклучуваат намалена способност за закрепнување по операцијата или зафат. Поради ова, пушењето е исто така еден од најзначајните фактори на ризик поврзан со заболување на непцата или парадентоза, што предизвикува воспаление на непцата околу забите. Оваа иритација може да влијае на коските и другите придружни структури, а нејзините напредни фази можат да резултираат со губење на забите.
“Многумина од пушачите секогаш одат на таа резервна варијанта наречена естетска корекција или импланти. Проблемот е што, поради изложеноста на чадот, овие импланти исто така страдаат. Забните импланти не се препорачува кај долгорочни интензивни пушачи, кои не можат да ја контролираат лошата навика, заради голем број на можни компликации предизвикани од чадот од тутун во различни фази на терапијата. За разлика од природниот заб, титаниумските штрафови потешко можат да се “спротивстават“ на лошите услови на кои се изложени. Отфрлањето обично се случува заради постојана изложеност на чувствително ткиво околу имплантита на чадот од цигари компликација наречени периимплантитис.“ – додава таа.
За сите оние кои едноставно не можат да се одвикнат од оваа лоша навика, по долгогодишно истражување и развивање на производот, “Филип Морис“ го создаде револуционерниот уред IQOS (Ајкос). IQOS уредите, кои спаѓаат во групата производи со намален ризик, го загреваат наместо да го горат тутунот со што значително ги намалува штетните материи кои се испуштаат со горењето. Во тој процес се избегнува создавањето на чад и пепел. Факт е дека чадот од тутун е најголема причина за заболувања и естетски промени предизвикани од пушењето. Ако го избегнете, ќе избегнете многу од неговите несакани ефекти. Сепак, размислете двапати, алтернативите се подобро решение, но за целосен ефект, вистинскиот потег е да престанете да консумирате тутун во било која форма.
Со откажување од пушењето престанува нанесувањето на хронични штетни, хемиски и термички иритации на усната шуплина со чадот од цигарите, а придобивките би биле присутни и забележливи при првиот преглед кај стоматолог - отсуство на пигментација предизвикана од пушењето, помалку наталожен забен плак и помалку забен камен, отсуство на непријатен здив и сува уста, подобрено чувство за вкус.
“Сличен ефект на „обновување“ на устата и забите може да се постигне ако го замениме чадот од цигарите со уреди што го загреваат наместо да го горат тутунот, како IQOS уредот на Филип Морис. Покрај тоа што ги штитите забите и околното ткиво од штетниот катран, чадот од цигарите и другите штетни материи, го заштитувате и вашето здравје од внесот на други штетни состојки, кои се испуштаат при согорувањето на обичните цигари“, заклучува д-р Ескиќ, која како консултант на овој тутунски гигант и во пракса, од прва рака се уверува во позитивни промени на оралното здравје на пушачите кои се префрлија на овој алтернативен производ, со намален ризик.