Заблескајте на матурската вечер во тренди модни пaрчиња

Доколку годинава ја прославувате вашата матурa, тогаш сигурно веќе размислувате за вашиот комплетен изглед, CITY FASHION подготви за вас екслузивен едиторијал со впечатливи аутфити надополнети со модни додатоци и секако идеален пар чевли од реномираните светски брендови достапни во CITY FASHION.

За девојките матурантки кои преферираат елегантен изглед светските модни трендови предлагаат префинети кроеви и модели, додека за романтичните девојки, голем е изборот на нежни фустани во пастелен колорит од брендовите Michael Kors, Elisabetta Franchi, Versace Jeans Couture и Silvian Heach, како и модни додатоци од брендовите Furla, Love Moschino и Armani Exchange.

Убедливо дилемата „Што да облечам за матурската вечер?" е повеќе присутна кај момците. Момци фактот дека треба да облечете одело или сако, не значи дека треба комплетно да го промените својот изглед. Во CITY FASHION ќе пронајдете модни парчиња од брендовите Karl Lagerfeld, JOOP, Pierre Cardin, Armani Exchange, Emporio Armani, Versace Jeans Couture и многу други, со кои можете да си играте со својот досегашен стил и да го истакнете во уште подобро светло.

За исклучителен матурски изглед во продолжение ви претставуваме одбрани модни парчиња од актуелните пролетни колекции на вашите омилени брендови достапни во продавниците на CITY FASHION во ГТЦ, Скопје Сити Мол и Ист Гејт Мол.


*пр-објава