Заборавете на Шкорпиите: Овој хороскопски знак е прогласен за најпривлечен
Еден сајт за запознавање спроведе истражување кој хороскопски знак е најпривлечен.
Иако можеби нема да се сложите со нивните резултати, оваа апликација за запознавање ги претстави податоците за тоа дека еден знак предизвикува најголем интерес кај спротивниот пол.
Се испостави дека на врвот на листата се наоѓаат Рибите кои со својата сензитивност и шармантната природа најмногу го привлекуваат спротивниот пол, за разлика од останатите знаци.
Последното место го заземаа Раковите, кои изгледа премногу ги кријат своите емоции и чувства, но тоа за нив веќе е стара приказна.
Целата листа е навистина интересна, бидејќи 5 место го делат Шкорпијата и Девицата, а на 7 место заедно се најдоа Лавот, Близнаците и Бикот.
1. Риби
2. Овен
3. Водолија
4. Јарец
5. Шкорпија и Девица
6. Вага
7. Близнаци, Лав и Бик
8. Стрелец
9. Рак
Иако Близнаците се на 7 место по привлечност, тие се наоѓаат во сите парови кои оваа апликација ги оценила како најкомпатибилни.
Во топ 4 хороскопски парови кои секогаш се поклопуваат се најдоа: Близнаците и Јарецот, Близнаците и Овенот, Близнаците и Ракот и Близнаците и Бикот.
Постои и листа на најмалку компатибилни знаци, т.е. знаци помеѓу кои никогаш не дошло до спојување: Риби и Стрелец, Стрелец и Шкорпија и Вага и Стрелец.
Можеби ви е малку чудно што во сите некопатибилни парови се наоѓа Стрелецот, но веројатно нивната смисла на хумор не е разбирлива преку Интернет.