„Заборавете на вода по 16 часот“: Нутриционист предупредува на грешка која често ја правиме

Спортските нутриционисти често препорачуваат професионалните спортисти да внесат околу 80% од дневната количина вода до 16 часот.
Причината е едноставна – водата внесена рано во денот го поттикнува варењето и ја надоместува течноста изгубена преку ноќ, вели Кејси Ваврек, магистер по науки и нутриционист во Медицинскиот центар на Универзитетот Охајо.
Иако рамномерното внесување вода во текот на целиот ден е исто така препорачливо, Ваврек предупредува дека прерано запирање со пиење течности може да доведе до дехидрација, главоболки, грчеви или намалени перформанси – особено кај оние што тренираат попладне или навечер.
Јулија Зумпано, диететичар во Клиниката Кливленд, препорачува денот да не се започнува со кафе, туку со вода – бидејќи кофеинот може да ја зголеми дехидрацијата.
Таа додава дека консумацијата на вода треба да се намали најдоцна два часа пред спиење за да се избегне често будење поради одење во тоалет, што кај некои луѓе го нарушува сонот.
Прекумерната хидратација, исто така, може да биде проблем – се манифестира преку често мокрење, гадење, подуеност и безбојна урина. Од друга страна, дехидрацијата може да предизвика темна урина, сува уста, главоболки, грчеви и вртоглавица.
Извор: B92/Freepik