Заборави на годините поминати во брак со Софија Вергара: Џо Манганиело за прв пат во јавност со 13 години помладата актерка
Актерот Џо Манганиело се разведе од Софија Вергара пред неколку месеци, но тој не остана долго време сингл
Актерот Џо Манганиело беше во центарот на вниманието на јавноста во последните месеци откако се разведе од својата колешка и актерка Софија Вергара. Сепак, се чини дека во голема мера „продолжил понатаму“, па одамна во медиумите се појави информација дека актерот има нова девојка.
Станува збор за актерката Кејтлин О’Конор, која е 13 години помлада од Џо, односно таа има 33, а тој 46 години.
Како што пренесува TMZ, парот се запознал во август на снимањето на филм, а се зближиле на „афтер забави“ со колегите, кои ги поминале во џакузи. Исто така, ги спои и фактот дека и двајцата се од Питсбург.
Сега, тие го направија своето прво појавување на црвениот тепих минатиот викенд на добротворна гала за ерменски деца во Њујорк, пет месеци откако Манганиело ги потпиша документите за развод.
Двојката заслепуваше во стилска облека, а Џо носеше едноставен црн костум додека Кејтлин носеше фустан со смарагден корсет и длабоко деколте. Актерот нежно ја прегрна и нема сомнеж дека и тој е вљубен во неа.
Нивната романса, наводно, почнала да се развива откако Манганиело се развел од Вергара во јули 2023 година. Според изворите, двајцата биле отуѓени некое време пред официјално да се разведат. Една од работите што дополнително ги растргна е тоа што Џо сакаше деца, а Софија, која има еден син со поранешниот сопруг, не.
Инаку, и Софија не е осамена, па медиумите ја поврзаа со ортопедскиот хирург Џастин Салиман.
Извор: glossy.espreso.co.rs