Забрането е да сè смеете на пасош и лична карта: Еве зошто широката насмевка е забранета на фотографиите во документите
Кога се сликаме за приватни фотографии, обично се насмевнуваме за да изгледаме подобро. Но, дали знаете зошто е забрането насмевката на фотографиите од пасошот? Чипот во пасошот содржи биометриски податоци за вас, кои се добиени од фотографија. Таа фотографија се скенира, се пресметува растојанието помеѓу очите, врвот на носот и брадата, за да се добие математичка „мапа“ или алгоритам на лицето.
Сè што може да го наруши или спречи пресметувањето на овие мерки – како носење очила или широка насмевка – ја намалува ефикасноста на алгоритмот. Кога поминувате низ е-портата на аеродромите, камерата го скенира вашето лице и ги прави своите пресметки за мерењата на лицето. Потоа компјутерот проверува дали мерките на вашето лице се совпаѓаат со оние на фотографијата од пасошот. Ако мерењата на лицето на скенерот на аеродромот и во пасошот не се совпаѓаат, тогаш сте во голема неволја.
Фото:freepik