Зафирови повторно на светскиот врв: Сребро и шести на светот

Во Брезице, Словенија се одржува светскиот натпревар во боди-билдинг и фитнес, како и најголем настан на IBFF PRO WORLD каде настапуваа најдобрите професионалци од целиот свет.

Над 45 држави со свои тимови, вклучувајќи ги и лекарите, тренерите, физиотерапевтите. Нашата земја беше претставена од Тоше и Габриела Зафирови, брачната двојка и едни од најдобрите боди билдери кај нас. Историскиот успех го постигна Габриела и се закити со еден сребрен и еден бронзен медал.

За Машки магазин Габи ни изјави: „Беше огромна чест да застанете рамо до рамо со најдобрите од целиот свет. Посебно ми е драго бидејќи учеснилките имаа по 25 години, а јас сум мајка на две деца“.

Тоше Зафиров пак, влезе во првите 6 најдобри билдери на светот. – Беше тешко, но ми претставува огромна чест што сум во првите шестмина, а заедно со Габи придонесовме Македонија да се гордее со нас. Врочем, ова го правиме за нашата земја и од љубов- ни рече Зафиров.

Честитки и на двајцата