Загатка за ФБИ агенти која 95 отсто од луѓето не можат да ја решат: И двајцата пиеле иста вода, мажот починал, а жената не - зошто?!

Решавањето на загатка може да биде знак дека го имате она што е потребно за да бидете агент на ФБИ

Се верува дека само пет проценти од оние кои аплицираат за работа агент на ФБИ успеваат да ја добијат. Постојат бројни тестови за логика и внимание на деталите, а само начинот на размислување може да ве оддвои од неуспех.

Една таква загатка кружи на интернет и вознемири милиони корисници. Ја објавил Метју Паландра, кој има пет милиони следбеници, а според него, решавањето на загатката може да биде знак дека го имате она што е потребно за да бидете агент на ФБИ.

Обидете се да ја решите! Еве како гласи:

„Маж и жена излегуваат на пијалок на прв состанок. Тоа е топол летен ден, па додека мажот и жената го чекаат својот оброк, и двајцата добиваат чаша ледена вода. Жената обилно се поти и е дополнително жедна. така што таа пие три чаши со мраз веднаш на почетокот, додека мажот пиел само голтка по голтка вода за целото време. Подоцна истиот ден, мажот и праќа порака на жената и вели дека е болен и дека се чувствува екстремно слаб. Непосредно пред полноќ, полицијата констатира дека мажот е мртов. Кога жената била приведена на распит било констатирано дека и таа и пијалокот на нејзиниот партнер биле отруени“.

Се поставува прашањето - зошто мажот умре, а жената не?

Иако постојат многу верзии кои укажуваат на решението на оваа загатка, само една е точна. Во неа пишува дека отровот бил во коцките мраз.

Интензивната жед на жената на крајот ѝ го спасила животот бидејќи брзо ја испила водата пред да може да се стопи мразот кој останал на дното од чашата. Нејзиниот партнер, пак, полека ја пиел неговата вода, оставајќи доволно време отровот да се раствори во неговиот пијалок.

извор:alo.rs