Замок стар 1000 години: А, да го видите сега и што сè ви нуди за 290.000 евра
Добредојдовте на ридовите на Умбрија.
Со оглед на тоа што претстојат зимски одмори, сега е совршено време за правење планови. А кога станува збор за сонувани дестинации полни со празнична радост, малку места можат да се натпреваруваат со пасторалните пејзажи на Умбрија во Италија.
Посетете го Castello di Reschio, бајковит замок стар илјада години кој се наоѓа во ридовите на Умбрија. Семејниот имот, кој годинава ги отвори вратите по макотрпното 30-годишно реновирање, опфаќа 3.700 хектари прекрасни пејсажи, маслинови градини и лозја. И оваа празнична сезона, можете да го имате целиот хотел, како и неговиот ресторан и бања за себе пет дена за да се опуштите со пријателите и семејството.
Киријата доаѓа со цена од 290.000 евра (или околу 331.931 долари) кога резервирате најмалку 11 соби и ги вклучува сите оброци, пијалоци, па дури и забава со џез-бендот и пијанистите од хотелот.
И додека имотот е прилично импресивен однадвор, внатрешноста е исто така апсолутно неверојатна. Дизајнирани од еден од сопствениците, архитектот Конте Бенедикт Болза, кој е инспириран од стариот холивудски гламур, собите имаат елегантен мебел по нарачка направен од вековни материјали.
Неколку простори за живеење во внатрешноста на имотот нудат многу простор за забава. Palm Court, на пример, има дизајн од почетокот на векот со стаклен таван и столбови од ковано железо.
Високите палми и богатите кадифни навлаки за софи создаваат совршена средина за пиење во доцните ноќни часови.
Камините низ целиот имот придонесуваат за пријатна празнична атмосфера, додека ќе ве придружува мачката која живее во замокот (ретка раса која е официјално регистрирана како национално богатство).