Западно Балканска стилска шпанско- индиска серија: Главни ликови- политичките лидери во регионов

Дека во Скопје температурите се искачуваат и до 40- тиот степен показател за тоа се овие неколку денови. Не се дише, а временските прогнозери велат дека допрва ни претстои пекол. 

Таков, ама стилски пекол видовме вчера кога лидерите на Македонија, Србија и Албанија го посетија нашиот главен град. 

Нашиот премиер Зоран Заев многу комотен во изборот, па и брадата. Како некој мачо сакаше да доминира како добар домаќин. Ваков изглед обично се носи на релаксирани седенки, во кафулиња, на забави во кои е дозволена секаква облека... Премногу опуштен, иако не би рекле дека не изгледа добро вака со новиот имиџ, само што за друго место треба да е наменет.

Претседателот на Србија одмерен и умерен со стилот. Со ништо не отскокна ниту пак воодушеви. Класика која тој ја преферира со години, досадно, едноставно, еднолично...

Но затоа пак, премирерот на Албанија Еди Рама ги засени сите. Тој е познат по „чудниот“ моден стил па зачудува што во Скопје не дојде со неговиот заштитен знак- патиките. Наместо тоа, несоодветното широко сако и црвената маица си го направија своето. Чевлите „врв“.

Сите тројца изгледаат токму како да се од Западен Балкан, слепото црево на Европа.

Р.М.М

Фото: Официјален Фејсбук профил на премиерот Зоран Заев