Тренд // Стил
Започна најпопуларниот музички фестивал на нашите простори, „Д Фестивал“ во Дојран
Со настапите на австриското електронско дуо Крудер и Дорфмајстер, британската група „Кошин“, хрватскиот музичар Дарко Рундек, Џулијан Марли, синот на легендата на реге музиката, Боб Марли, скопскиот хип-хоп бенд Зад Аголот и многу други изведувачи, вчера започна 12. издание на најголемиот македонски фестивал на алтернативна музика под отворено небо „Д Фестивал“ во Дојран.
Најпопуларниот музички фестивал на нашите простори и годинава нуди одлична музичка програма, голем број различни зони, над 100 уметници и учесници во ПлоштАрт, изложби, работилници, перформанси, дискусии театар, арт-инсталации, а организаторот „Пасворд продукција“ ветува фестивалски помин со илјадници луѓе, сонце, музика и љубов.