Започна продажбата на билети за дуелот со Бугарија, сите на стадион во поддршка на Македонија

Во понеделник, 19. септември, ќе започне продажбата на билетите за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија - Бугариjа ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има.

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации“ - објави ФФМ.


МАКЕДОНИЈА - БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември)

Цени на билети:  

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24     250 денари

Блок 21 и 23                             250 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                         250 денари

Блок 3 и 4                                 350 денари

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:

Скопје:
• ЛитератураМК - City Mall
• ЛитератураМК - East Gate
• ЛитератураМК - Веро Центар
• Литература - ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК  - ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел - ТЦ Бисер
• Макпетрол - Козле
• Макпетрол  - Илинденска
• Макпетрол - Влае

Велес:
• Унисон

Прилеп:
• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако

Гостивар:
• Тобако Вона 5

Охрид:
• ТА Вис Пој

Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers 

Струмица:
• ЛитератураМК 
• ТА Сафари

Радовиш:
• ТА Халкидики