Започна судењето на американскиот рапер: Трамп се заложи за негово ослободување
Американскиот рапер A$AP Роки се изјасни дека не е виновен за тепачката и нападот после концертот во Стокхолм...
Раперот, чие
вистинско име е Раким Маерс, присуствуваше на првиот ден од судењето по повод
инцидентот во Стокхолм на 30ти јуни. Роки е оптужен за нанесување на телесни
повреди и се наоѓа во притвор во главниот град на Шведска.
Маерс е уапсен на 3 јули, после тепачката за која постои запис. Уште двајца мажи кои биле со него во моментот кога настанала тепачката, се оптужени за напад. Музичарот изјави дека неговото друштво било следено од група и дека тие делувале во самоодбрана.
Роки тврди дека жртвата го испровоцирала него и уште двајца од неговите колеги. Во случај да биде осуден, американскиот рапер ќе треба да одлежи и до 2 години затвор.
Американскиот претседател Доналд Трамп исто така се вмеша во овој случај, како што изјави, по молба на првата дама на САД, Меланија Трамп и познатиот америкаснки рапер Канје Вест.
И покрај неговиот прв позитивен контакт со шведскиот премиер Стефан Лофвен, Трамп подоцна објави на Твитер дека е разочаран затоа што премиерот изјавил дека нема да се меша во судењето на Роки. Трамп понуди да плати кауција за раперот, но Шведска нема таков систем во своето судство.
Инаку, 30 годишниот рапер бил во Стокхолм поради учеството на „Smash" фестивалот.