Спорт // Спорт
Започнува струшкиот ракометен турнир, распоред на натпревари и преноси на МРТ
Вардар го брани трофејот на меѓународниот ракометен турнир во Струга, годинава го има 50-то издание.
На турнирот ќе настапат најдобрите македонски екипи, и секако тимови од странство, вкупно осум клуба, поделени во две групи.
Во групата А се: Струга, АЕК Атина, Татран Прешов и Еурофарм Пелистер, во групата Б се: Вардар, Бутел, Целје и Алкалоид.
Денес турнирот ќе го отворат домаќинот Струга и Пелистер од 17 часот, потоа се среќаваат, Вардар - Алкалоид (19.00) и Бутел -Целје (21.15ч.).