„Зар некој може да те замени“: Тоше го направи секој 5 октомври посебен
На денешен ден, пред точно 16 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Како да претчувствуваше дека нешто ќе се случи, тој не ја штедеше својата енергија на сцена. Емотивен и забавен, пееше, комуницираше со публиката, ги гушкаше своите фанови... Концертот беше од хуманитарен карактер. Собраните средства беа наменети за обнова на училиштата во Македонија.
Прерано починатиот Тоше Проески го даде своето последно интервју во емисијата на Весна Петрушевска, Вртелешка. Тој таму искрено и отворено зборуваше за повеќе важни прашања од својот живот.
За вистинските вредности, за модните критики, за темпото на работа, за пријателите...
Една од неовите изјави беше:
-Не знам зошто сум бунтовник без причина, но од друга страна така сум воспитан, знам кои се вистинските вредности и дур сум жив ќе ги ценам и единствено тие ќе ми бидат важни.
Она што последно не врзува за споменот на Тоше, е тоа дека неодамна се исполни и една од неговите најголеми желби, се освети манастирот Свето Преображение Господово во Крушево.
Фото:Screenshot