Заработуваат одлично, а се чувствуваат бедно! Зошто?: Кои се професиите заслужни за ова?

Истражување за задоволството од работата неодамна направено во САД покажа дека најплатени професии во светот се воедно и оние кои ни донесуваат најмалку исполнување и задоволство.

Ви ги пренесуваме топ 5 занимања кои се наоѓаат на врвот на листата на Форбс кои ве прават бедни.

Доктор

Иако е една од најценетите професии, докторите искажале големо незадоволство од своите занимања. Во направената анкета , само 6% од лекарите искажале задоволство од работата која секојдневно ја вршат. Дури 40% испитаници би одлучиле да ја сменат кариерата кога повторно би бирале професии. Еден од анкетираните лекари изјавил: „Чуствувам зголемен притисок и како да сум во служба на бирократијата на која и е најважна заработката“, известува Волстрит Журнал.

Банкар

Работата во банка е исцрпувачка, секојдневно ќе работите по 12 часа , а некогаш и повеќе. Оптеретувањето е толку неподносливо да дури и големи плати не можат да го надоместат незадоволството кое ќе го чуствувате во 22 ч навечер кога ќе си дојдете дома. Младите банкари мора да знаат дека во првите две години после вработување нивниот живот ќе биде целосно подреден на работата. Нема да имаат време за социјален живот, но сигурно ќе имаат поголема плата од врсниците кои работат помалку напорна работа.

Директор на продажба

Да се биде добар продавач не е лесно. Секојдневни состаноци, преговори, и едукација знаат да бидат стресни. Да се дојде до местото директор во продажба не е лесно, зад него стои напорна работа и труд. Стресот кој го чуствувате лошо ќе влијае на вас и поради тоа можеби и ќе донесете лоша одлука која ќе ве чини многу пари.

Стоматолог и адвокат

Адвокатите се наоѓаат на врвот на најнесреќните професии на листата на Форбс, додека адвокатите имаат три пати поголема веројатност од просек да станат депресивни, стоматолозите според американските истражувања избрале занимање кое има највисока стапка на самоубиства. Иако тоа се добро платени работи, луѓето не ги ценат доволно, а уште помалку им оди во прилог тоа што никој не сака да оди на забар или кај адвокат.