Завршен е најубавиот стадион на светот: Катарскиот „Дијамант во пустината“

И додека фудбалот полека се враќа на сцената, но во страв и без навивачи (претежно), со неизвесност за тоа што ќе донесе иднината, Катар се подготвува за организација на Светскиот куп 2022 година.

Само што заврши изградбата на третиот од вкупно осум стадиони каде ќе се играат натпреварите на Светскиот куп.

Стадионот во Ал Рајан- "Education City", е веројатно најубавиот фудбалски, па дури и спортски објект во светот.

Тоа е вистинско ремек дело, наречено „Пустински дијамант“ - затоа што сјае во текот на денот и ноќта.

Стадионот со 45.000 места е изграден според највисоките еколошки стандарди бидејќи се користеа материјали и се рециклираа за да се изгради.

Стадионот се наоѓа во рамките на универзитетскиот комплекс.