Завршна изложба и хуманитарна аукција на уметнички фотографии за заштита на птиците во Македонија

ПроКредит банка, во соработка со фотографот Велиан Јагев, ве поканува на „ИЗЛОЖБА И АУКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПТИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“, која ќе се одржи на 27 јуни (вторник) од 19 часот до 21 часот, во просториите на Централна Управа на ПроКредит банка.

Со хуманитарната аукција на изложените фотографии се заокружува патувачкиот караван „НЕзаштитена природа“, од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија. Изложбата посети шест градови низ целата држава, почнувајќи од 2јуни до 18 јуни, привлекувајќи големо внимание и интерес на посетителите.


ПроКредит банка со гордост го поддржува овој проект чија цел е подигнување на свеста за важноста за зачувувањето на незаштитените природни подрачја значајни за птиците и за биодиверзитетот. Како пример за одговорност, ПроКредит Банка веќе 20 години поставува стандарди за одржливост и одговорност и преку своите активности континуирано придонесува кон зачувување на животната средина.

Подетални информации за изложбатаможат да се прочитаат на „НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигање на свеста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка (pcb.mk)


*Пр објава