Здравко Чолиќ пеел на приватна забава и за 45 минути наплатил неверојатна сума: Еве кои биле неговите други барања
Српски претприемач го поканил српскиот пејач Здравко Чолиќ како специјален гостин на свадбената веселба, легендарниот пејач за овој настап наплатил „дебела“ сума...
Здравко Чолиќ бил специјален гостин на свадбата на еден српски претприемач.
Чолиќ инаку не настапува на вакви церемонии, но овој пат се согласил, а цифрата што го добил ќе ве остави без зборови.
Имено, Чола наплатил 45 илјади евра за 45 минути пеење, а првото оро го изиграле на песната „Тебе чувам за крај“.
Покрај вртоглавата сума, тој имал и некои услови за неговото доаѓање.
„Чола може да избира каде ќе настапува. Не практикува да пее на приватни забави, но овој пат направи исклучок. Имаше одредени услови, кои младенците и нивните семејства ги исполнија без збор, па се беше договорено многу брзо. Меѓу друго, барал бината да биде крената од подот за да не му се приближуваат гостите додека пее, да нема нарачка на песни и фотографирање со гостите... За 45 минути побарал 45.000 евра и веднаш било прифатено бидејќи младенците ја обожавале неговата музика од неговите најголеми хитови, а веднаш по настапот го напуштил локалот придружуван од обезбедувањето на ресторанот“, изјавил изворот за РТВБН.
Здравко Чолиќ е еден од најпопуларните музичари на овие простори, а на 72 години ги полни арените и концертните сали каде и да настапува, а се чини дека е и еден од најбогатите пејачи.
Според американскиот портал celebritynetworth.com, имотот на Здравко се проценува на 20 милиони долари, а го опишуваат како поранешна југословенска поп ѕвезда или „Српскиот Том Џонс“.
Не е чудно што неодамна купил луксузен стан во Пула.
Фото: ИнстаграмИзвор: Showbuzz.dnevnik.hr