Зеленото „лековито“ палто на Жан Митрев
Неговата големина, упешност во кариерата и сето она што го прави за да спаси живот, ги надминува границите на неговиот стил, колку лошо и да е облечен. Академ. д-р Жан Митрев низ годините покажа дека е камелеон во облекувањето, често носејќи комбинации кои на прв поглед изгледаат чудно.
Така беше и овој пат, вчеравечер во хотелот „Александар палас“, на свеченото одбележување на јубилејот – 20-годишнина. Точно на денот кога пред две децении стартуваше со работа „Жан Митрев“ на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“. Докторот се појави во зелно кадифено палто со мотиви, но интересно е тоа што и белата кошула имаше мотиви, а згора на тоа комбинацијата ја „зачини„ со пеперутка вратоврска.
Инаку, зелената е боја на природата и како таква, симболизира раст, хармонија, свежина и плодност. Има емоционална врска со безбедноста. Зелената има голема лековита моќ. Тоа е бојата што најмногу се смирува и може да го подобри видот. Сугерира стабилност и издржливост...
Видете како изгледаше:Фото: Zan Mitrev Clinic