Жена со 800 тетоважи шокирана што никој не сака да ја вработи

Мелиса Слоун, 46-годишна мајка на две деца, започнала да се тетовира на 20-годишна возраст и брзо станала зависна од мастилото и иглата.
Од својата прва тетоважа досега, направила веќе три слоја, постојано покривајќи ги старите скици. Порано Мелиса работела како чистачка на тоалети, но оттогаш се мачи да најде нова работа.
„Не можам да најдам работа“, изјави Мелиса за Daily Star. „Конкурирав за работа како чистачка на тоалети таму каде што живеам, но не ме сакаат поради моите тетоважи. Луѓето рекоа дека никогаш немав работа во животот, што не е точно – еднаш имав, но не траеше долго“, продолжи таа и додаде: „Ако некој ми понуди работа утре, веднаш би прифатила.“
Мајката на две деца потоа изјавила во интервју дека ќе продолжи да се тетовира сè до својата 70-та година, доколку може.
„Секој дел од кожата ќе биде покриен, дури и ако се претворам во сино суштество, моето лице веќе почнува да станува сино – изгледам како Штрумф“, рекла таа.
Иако на прв поглед Мелиса изгледа како сон за секој тату-студио, се испоставува дека многумина всушност ја одбиле и им забраниле на своите вработени да ѝ даваат услуги – меѓу нив и училиштето на нејзините деца, како и локалниот паб.
„Тату-салоните ме одбија – не ме пуштаат внатре“, изјавила таа за Daily Star. „Кога го правев ова (на лицето), одев во еден салон на 7 километри оддалеченост, но ни тие повеќе не сакаат да ме услужат. Не сакаат бидејќи не можат да ми помогнат – отидов предалеку.“
Извор: muskimagazin.rs