Жените ме допираат за задникот и половиот орган! Исповед на момче (19) која шокира!
Припадник на обезбедувањето на еден клуб во Велика Британија снимил клип на TikTok во кој си го отворил срцето и раскажувал што доживува од жените на работа, а открил дека за една ноќ до 10 жени го допирале при поминување.
Чарли Гир (19) вели дека пијаните жени редовно му го фаќаат задникот и пенисот додека тој си ја работи работата, а една жена дури го прашала: „Кому му е гајле за сексуалниот напад? откако ја избркал.
Студентот по економија вели дека со објавување на TikTok сакал да започне разговор за работа во оваа индустрија.
„Толку многу момци и девојки се сексуално нападнати додека работат на врата, и мислам дека воопшто не се зборува за тоа. Кога влегов во индустријата, ми беше кажано дека тоа може да се случи, но немав поим дека ќе биде толку редовно“, вели Чарли.
Младиот човек вели дека со оваа работа се занимава само последната година и дека за тоа време имало безброј ситуации каде жени му приоѓале и се обидувале да му ја откопчаат облеката или да го „допираат“.
„Не се чувствувам како жртва затоа што кога работите како обезбедување имате некаква контрола врз ситуацијата. Има луѓе кои работат со тебе, има камери на тебе. Ако ме зграпчи жена, се чувствувам доволно силен да ја тргнам од мене, што прави помалку да се чувствувам како жртва“, објаснува Чарли, но потсетува дека сепак му пречи допирањето.
Чарли вели дека одлучил да ги сподели видеата на социјалните мрежи за да ги поттикне луѓето да размислуваат за тоа како се однесуваат на ноќните излегувања.
„Реакциите што ги видов беа главно позитивни, но сè уште имаше многу момци кои кажуваа работи како: „Морам да ја добијам оваа работа“, рече вратарот.
Тој вели и дека има огромен број на припадници на посилниот пол кои мислат дека „мажите треба да бидат среќни што ги допираат и да не ги поддржуваат оние кои се жалат на тоа“ и додава дека најмногу му се допаѓа работата бидејќи работното време му се вклопува во неговите студентски обврски.