Жените откриваат: Еве зошто сакаме гласен секс
Жените сакаат да бидат гласни за време на сексот и тоа е доста позната работа. Некои се потивки, некои од нив погласни, но факт е дека жените обожаваат да испуштаат одредени звуци додека водат љубов. Ние се запрашавме зошто и дали тие звукови претставуваат нешто?
Пронајдовме анкета која е спроведена во САД и која точно ни го одговара нашето прашање. Вооваа анкета учевствувале околу 1000 жени со различни возрасти и професии. 85% од жените се изјаснале дека обожаваат кога се гласни за време на сексот и дека тоа ги прави среќни, задоволни и исполнети.
Тие овие звукови најчесто ги опишуваат како стенкање и извикување, а исто така признаа дека тоа ги возбудува повеќе и на тој начин најискрено ги искажуваат своите емоции.
„Стенкањето доаѓа природно и ние не размислува многу за тоа. Едноставно, кога сме во однос кој навистина ни годи, нашето тело реагира само на тој начин и не предизвикува да испуќаме еротски звукови. Тоа од најблизу можам да го споредам со некој вид на транс, кој не можеме да го исконтролираме и кои не тера да правиме работи за кои не размислуваме“ – изјави една од испитаните жени, потврдувајќи дека гласниот секс е доказ дека жените навистина уживаат во односот со мажот.
Па, ако заприметите дека вашата девојка е се погласна и дека не може да го контролира своето дишење, тогаш тоа значи дека сте и овозможиле совршена вечер.