Жените „паѓаат“ на нив: Три принципи кои мажите мора да ги почитуваат
Мажите кои ги прават овие грешки многу лесно можат да ја препуштат својата партнерка во туѓ кревет.
Многу тврдат дека
мажите ги сакаат жените само во креветот и во кујната, меѓутоа од женска
перспектива, нивните потреби се многу комплицирани.
Жените можат да ви опростат за многу работи, меѓутоа доколку не ги почитувате овие три принципи, тогаш таа може да превземе драстични мерки и без трошка грижа на совест да замине во туѓа постела.
Запаметете, на секоја жена и треба:
1. Заштита
Овде не се подразбира само да ја заштитите од хулигани, туку од помалку дерструктивни работи. На пример, заштитете ја вашата жена од драмите на вашата мајка. Ова многу ќе и значи на било која жена. Мора да знаете на кој начин да ја спасите од лошиот шеф, од материјалните проблеми и лошите работни услови. Бидете вистински маж кој ќе ја заштити својата жена од сето она што се плаши најмногу на светот. Функцијата на добриот маж е да и пружи на својата жена мир и сигурност.
2. Помош
Ова е најочигледната манифестација на љубов. Ако постојано и ја ускратувате вашата помош на вашата жена, тоа за нив подеднакво значи дека и кажувате дека не ја сакате. Ако сакате да бидете вистински партнер помогнете и со обврските околу бебето/децата, кога си доаѓа од продавница со полни раце претешки кеси, кога нешто ја боли и сл. Во спротивно, ако не ги правите овие работи, жената ќе мисли дека не и посветувате доволно внимание и ќе замине кај некој друг.
3. Емоции
Близината е неопходна. Во креветот жените обожаваат кога им покажувате емоции, а не големината и квалитетот на потезите. На жените им е потребна старст, нежност и голема желба. Без оглед на тоа колку време сте заедно – на жената секогаш и се потребни емоции во креветот. Ако таа сака да има секс во четврток, а вие во четврток сте договорени да пиете и гледате спорт со другарите, таа секако ќе има секс во четврток, само најверојатно не со вас.