Жените полудуваат по него: Македонскиот Плејбој не се предава така лесно
Си знае некои „финти“ со кои успева да го добие тоа што го сака.
Му пишуваат жени и девојки од сите страни на светот. Само што ќе постира некоја негова фотографија на “Фејсбук”, со брзнина на светлината следуваат коментари од типот “Ќе се омажам за тебе”… Посебно Русинки тоа му го кажуваат, а тој културно им одговара на течен руски јазик.
Арко Кондор е типичен Балкански маж со италијански манири. Излезен како од насловна страна. Еден од најсилните адути му е облекувањето. Има стил единствен на овие простори.
Уникатноста се состои од фантастично комбинирање на модерно со ретро, на бои со дезени, на стилови од различни ери со денешната улична мода. Иако ја ситни педесетката, ни од далеку не се предава. Има совршено обликувано тело што се должи на постојано вежбање покрај море или езеро, а најмногу на отворен простор- во парк.
Често е излезен на вечер. Танцува на различна музика и цела Стара Скопска чаршија буквално го знае. Кога шета низ сокаците нема човек, а да не го поздрави и да не се поздрави. Живее во Чаир и таму е своевидна атракција. Стилот на облекување го градел во Италија каде бил извесен период.
За себе ќе рече дека е чиста енергија и токму италијанската мода го научила како да се облекува, како да комбинира и како да додаде “зачин” за да биде уникатно, но стилски облечен топ. Посебно чевлите му се најатрактивни. Ни сам не знае колку ги има, ама сите се различни и посебни.
Обожава да си игра со боите, а контрастите ги создава така добро што ќе помислите дека е невозможно. Носи шапки, ама турбаните му се омилени. Како арапски принц е во нив.
Многу жени паднале во неговите прегратки, а за жените ќе каже дека секоја е убава на свој начин, секоја заслужува љубов и топлина и секој не е вреден за посебна жена.
Често чита романи, знае да пее и животот го живее со полни гради. Многу негови познаници па и ѕвездите од нашиот јавен живот се согласни дека ретко се раѓа ваков автентичен машки примерок. Тој пак си тера напред, се забавува и модата никако не ја напушта.
Работи бизнис со облека, многу логично. Често шета надвор од Македонија, посебно во Истанбул и дури и таму некаде е забележан и воочлив.
Добивал и добива понуди како модел, но тој уметноста ја гледа со поинакви очи и како што вели “Животот е сам по себе уметност. Наше е каква ќе биде таа, насликана со среќа или со макотрпност”.
Небојша Толески