Жените се согласија: Мажите што ја вршат оваа работа се дефинитивно најатрактивните!

Првото нешто што на што ќе обратите внимание кога ќе сретнете некого е физичкиот изглед, но тоа не е она што ја означува една личност како најсексипилна. Досегашните истражувања покажаа дека најчесто сексуално се привлекуваме на нечиј став, што е дефинитивно резултат на работата што тој/таа ја извршува.

Според тоа, популарната апликација за запознавање преку Интернет, „Тиндер“ ги објави резултатите од љубопитната студија во која се гледаше кои машки професии биле најатрактивни, или „најсексипилни“.

Додека многумина ќе кажат дека жените сè уште се „палат“ на атрактивни мажи во униформа, истражувањето кое ги анализираше најатрактивните профили на оваа популарна онлајн услуга откри дека за жените се најатрактивни професии кои се поврзани со одредени социјални вредности.

На пример, лекарите се привлечни затоа што жените имаат доверба и чувство на сигурност. Личните тренери ја пренесуваат сликата на дисциплиниран, емпатичен, но и силен маж, и овие жени често не можат лесно да одолеат.

Значи, колку се привлечни за жените мажите кои се занимаваат со занаети?

Студијата открива дека електричарите се сметаат за најсексапилни занаетчии, додека работниците на пат не се толку популарни кај жените. Исто така, лимари и градежни работници предизвикуваат голем интерес кај жените.