Женска репрезентација на Македонија до 19: Минимален пораз од Израел во последното коло од квалификацискиот турнир во Скопје
Женската репрезентација на Македонија до 19 години го забележа првиот пораз од селекцијата на Израел во последното коло од квалификацискиот турнир што се одржува во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраничките на селекторот Астрит Мерко беа поразени со 2:1.
Одигравме добар и борбен натпревар, можеме да жалиме за пропуштените прилики на денешната средба.
Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.
Противникот во 52. минута од мечот го отвори резултатот преку Биру. Лора Сулејмани во 72. минута постигнува гол за израмнување на резултатот. Во 83. минута, Биру со својот втор гол ги поставува конечните 2:1 на денешната средба.
Македонија: Кабакчи, Сулејмани, Головска, Мојсоска, Блажевска, Меијер, Ефтинџиоска, Села, Велкова, Сулејмани, Панеска;
Селектор: Астрит Мерко;