Згоден и убав, страшна несреќа му го промени животот: Ова е братот на Бастијан Швајнштајгер (ФОТО)

Братот на Бастијан Швајнштајгер беше фудбалер

Бастијан Швајнштајгер на сите ви е добро познат, но дали знаевте дека има брат?

Биолошкиот брат на Бастијан Швајнштајгер е посветен на фудбалот, а еден фатален настан му го промени животот.

Имено, Тобијас Швајнштајгер е познато име во светот на фудбалот, иако не толку како неговиот брат, кој е фудбалер во пензија и сопруг на поранешната тенисерка Ана Ивановиќ.

Братот на Бастијан Швајнштајгер го обожаваше англискиот фудбал уште како 10-годишно дете и беше редовен играч на Манчестер Јунајтед.

Брзо почна да се занимава со овој спорт, во кој беше успешен, сѐ додека една ситуација не се одрази негативно на неговата кариера.

View this post on Instagram

A post shared by @tobischweinsteigerourhero


Во 2006-та година, Тобијас доживеа сообраќајна несреќа, во која загина тринаесетгодишно девојче, кое се враќало од училиште. За жал, девојчето починало, а полициската истрага подоцна покажала дека тој не е виновен за несреќата.

Според медиумите, девојчето се враќало од училиште и сакало да го фати трамвајот, иако семафорот светел црвено.

Од силината на ударот летнала 20 метри во воздух и паднала на глава.

Иако фудбалерот беше прогласен за невин, неговата кариера тргна во надолна линија.

Извор: www.gloria.rs