Зидан станува најплатен тренер на светот, се договорил со ПСЖ

Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на ПСЖ, Французинот се враќа дома, и седнува на клупата на „светците“.

Според најавите, Зидан се очекува до крајот на викендот да стави потпис на договор со ПСЖ, тој веќе отпатувал во Доха, каде ги договорил сите детали со газдите на ПСЖ.

Зидан со потпис за ПСЖ ќе стане најдоброплатен тренер на светот, наводно договорот му е со годишна плата 25 милиони евра.