Зимски одмор во Крушево

Зимскиот одмор со семејството е прекрасна прилика за ново и уште посилно меѓусебно поврзување на сите членови преку заеднички активности на снегот. Но, постојаното покачување на цените на аранжманите, колоните на граница и се поголемите гужви за жичници и на ски патеките во соседните Србија и Бугарија знаат да го направат зимскиот одмор полн со стрес. За сите вас кои своите деца започнуваат да ги воведуваат во снежните спортови, а притоа сакаат да бидат сместени во премиум хотелски комплекс, локацијата оваа зима е Крушево и хотелот Панорама Спа. 

Ски центарот Panorama All Seasons Adventure располага со двоседа жичница која од центарот на градот ве носи директно до ски терените и ALTO LOUNGE BAR.

Оттука можете да се упатите на двата ски лифтови по уредени ски патеки кои ви нудат прекрасен поглед на околината. Подобрете ги ски вештините на најмалите со помош на нашите искусни ски инструктори. 

На крајот од денот испробајте ја ски патеката низ крушевската корија под жичницата и на скии дојдете до центарот на градот. 

За сите вас кои не сте по ски спортовите на располагање ви е зимско сафари со патнички ратраци, АТV возила или JEEP возење низ прекрасната зимска идила на крушевската околина. 

Искористете ги поволностите кои ви ги нуди Панорама Спа и поминете незаборавен и релаксиран зимски одмор, исполнет со многу забава и без веќе вообичаените гужви на ски терените. 

Искористете  BOOK NOW, SKI LATER EARLY BOOKING ПОПУСТ со

10% намалени цени за уплати до 15.11.2023 за сите резервации за зимската сезона. Сите гости на хотелот добиваат и 50% попуст на билетите за скијање и 10% на храната и пијалоците во ALTO LOUNGE BAR.

Инфо и резервации на 072808808 или на contact@panoramaspa.mk

Пр објава