Нердлинген е баравски град за кој геолозите тврдат дека во куќите, црквите и другите објекти има 72.000 тони дијаманти.
„Добро е што дијамантите се толку мали инаку црквеното ѕвоно и другите објекти одамна ќе беа ограбени“ - вели ѕвонарот Хорст Ленер.
На почеток се сметало дека се наоѓа градот на вулкански кратер, но подоцна се покажало дека тоа не е така, и затоа мештаните велат дека и содржината во учебниците е менувана за настанувањето на градот.
На светот има и други градови кои настанале по удар на метеор, но нема толкави количини на дијаманти како во овој германски град.