Живееле во нуклеарен бункер без храна: Како опстанаа овие мравки?
Мравките затворени во бункерот биле откриени во 2013 година. Се претпоставува дека стигнале до бункерот преку цевките за вентилација. Кога мравките пропаднале низ цевките, голем број починале во бункерот, кој некогаш служел како складиште за нуклеарно оружје. Овие инсекти инаку се познати по тоа што можат да издржат поголем степен на радијација.
Три години подоцна, во 2016 година, тим од полски научници предводени од Војчич Чечовски, започнаа да го проучуваат однесувањето на овие инсекти, кои припаѓаат на видот на поликтенот „Формика“, пренесува sputniknews.com.
Тие немале пристап до надворешниот свет, немале извори на светлина и храна, но нивниот број продолжил да се зголемува, пренесува Newsweek.
Меѓутоа, откриено е дека мравките се канибали и се хранеле со мртвите мравки, што и овозможило на колонијата да преживее. За да проверат дали колонијата ќе го напушти своето живеалиште, научниците изградија излез од бункерот.
Една година подоцна, откриено е дека скоро сите мравки, околу еден милион, избегале од бункерот и немале ниво на радијација во нив.