Животен ХОРОСКОП: КОЈ ВЕ ЛАЖЕ и не дозволува да одите напред?

Но, ако лажете, или се лажете себе си или ќе завлезете во поголеми проблеми...

ОВЕН

Ви пречи сознанието дека на саканата личност и недостасува инспирација или емотивна храброст. Немојте да дозволите да не ги извршувате обврските. Поттикнете стратегија за решавање на проблемите. Секој проблем е создаден за да се реши. Не се плашете. Да, стрвот ве лаже! Мислите дека не можете, да свесни сте дека сте силни и дека можете да поднесете многу повеќе.

БИК

Нечие присуство и одредени случувања ви даваат нова смисла во вашата емотивна ориентација. Потребна ви е нечија искрена подршка. Понекогаш логичните претпоставки што ги имате не се такви и во очите на другите. Горделивоста оставете си ја дома. Надвор е терен за борба, а вие ја имате силата. И следствено на ова, горделивоста знае да ве излаже. Со крената глава бидете секогаш, но не дозволувајте вашето его да надвладее. Со блага насмевка решете ситуаии, а не со горделивост.

БЛИЗНАЦИ

Работите кои ви изгледаат едноставно, наеднаш ќе станат комплицирани за вашата сакана личност. Договорот што го имате со некој од вашето рабоно место, нема да ги даде посакуваните резултати. Не брзајте. Не се неривирајте. Никој нема да ви ги плати сметките дома. Токму избрзувањето ве лаже! Често избрзувате, а со тоа и често избувнувате. Па после сите ви се криви.

РАК

Имате впечаток дека неправедно личноста со која сте во врска не е за вас, а сето тоа е поради нејзинито однесување и молчење. Важно е да си ја зачувате добрата позиција на работа. Многу се предомислувате! Време е да почнете да заземате јасни ставови по животните прашања. Да! Предомислувањето ве лаже. А вие сте личност која цврсто стои на вашите ставови и се наоѓате во безизлезна ситуација кога се предомислувате. Не се седи на два стола! 

ЛАВ

Се соочувате со иронична ситуација, нечиј гест ви делува како погрешен чекор. Ќе имате премногу гордост и тоа може да ви донесе проблеми. Канализирајте го вашиот страствен дух и импулсивност. Некогаш со мирен тон во гласот се решаваат нештата. Вам ве лаже суетата. Таа ви прави проблеми. Но вие сте господар на вашиот ум и пробајте да ја намалите таа суета. Ќе ви штети во животот.

ДЕВИЦА

Важно е да се препуштите на своите емотивни желби или да ги поместите субјективните граници во односот со драга личност. Имате голем број обврски и сакате се да функционира на беспрекорен начин. Обидете се периодов да не се замарате премногу за тоа кој што рекол. Токму тоа ве лаже- замарањето со други. Бидете по храбри и имајте повеќе самодоверба. Нека не ве лаже нешто за кое не вреди ни да се помислува.

ВАГА

Потребно ви е нечие разбирање, но партнерот не покажува интерес за да ви удоволи. На основа на првиот впечаток, ќе сфатите на кој треба да му верувате од колегите на работа. Токму сега е време да ја покажете вашата амбициозност. Познати сте по тоа. Ќе се изненадите до каде можете да стигнете. Ама, често ве лаже лажната амбиционост. Мислите дека можете се’, а всушност сте се прецениле. Наместо тоа, бидете реални во вашиот капацитет и не давајте им на луѓето нешта кои не ги заслужуваат.

ШКОРПИЈА

Избегнете нова расправија на средба со саканата личност. Постојат отежнувачки околности кои не можете да ги одбегнете. Барате лесни решенија, но нема да добиете позитивен ефект. За промена, добро би било да научите еднаш за секогаш да се релаксирате кога работите се дојдени до точка на вриење. Токму тоа на сите е им смета, а вие ќе бидете победник со лежерни ставови. Е токму вам ве лаже трпението. Каде сте го изгубиле? Знаете ли да борите до десет па после да кажете што вистински мислите? Трпение- спасение!

СТРЕЛЕЦ

Во љубовниот однос не е дозволено се што посакувате, но нема причина ни за лажна скромност. Се наоѓате пред одлична можност за да остварите успешни резултати на работа. Не ја потценувајте вашата пожртвуваност. Вие можеби сте уметнички души, но газите се пред себе, без да повредите никого. Да да! Ве лаже честата пожртвуваност. За некои нешта не треба да се борите- не вредат!

ЈАРЕЦ

Доколку имате средба избегнувајте го деструктивното однесување. Обвинувате погрешна личност за својот неуспех на работа. Преземете си ја одговорноста. И не фантазирајте премногу за тоа што ќе се случи ако се случи? Оставете понекогаш простор времето да го покаже вашиот пат. Ве лаже фантазијата! Признајте дека не сте реални во некои очекувања кои сте ги фантазирале. Секако, добро е да се има фантазија, но со мерка...За да не се разочарате!

ВОДОЛИЈА

Изгледа дека некој одеднаш ги расипува вашите емотивни планови или договор што го имате со саканата личност. Внимателно проценете го редоследот на средби. Познати сте по мерење и премерување, па бидете паметни и носете соодветни животни проценки. Токму проценувањето знае често да ве излаже. Бидејќи сте добри, често проценувате дека и другите се како вас. Ама грешите! Наместо проценка, потребна ви е анализа.

РИБИ

Пренесете ја својата емотивна инспирација и добро расположение на партнерот. Имате добро претчувство и добра енергија за да ги остварите сите посакува цели. Но, таму- ваму ситуацијата позната за вашиот знак ве одвраќа од многу нешта. Нели е подобро да одите три чекори напред? Решителноста ве лаже. Маместо да ја засилите, вие ја минимизирате. Предизвик е да се биде решителен, но само ако пред време можете барем да претпоставите во што се впуштате.