Животната приказна на Нелсон Мандела: Се маскирал во готвач и шофер за да не го уапсат
Да беше уште жив, ова лето ќе наполнеше 101 година, а засекогаш ќе остане запаметен како првиот црн претседател на Јужноафриканската Република, Нелсон Мандела.
После 27 години поминати во затвор, Мандела во 1994 година
беше избран за првиот црн претседател и првиот лидер на оваа држава кој е
избран после демократските избори. Се повлече од работата во 1999 година, а
почина на 5 декември 2013 година, кога имаше 95 години.
ФАКТИ КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА НЕЛСОН МАНДЕЛА
Неговото вистинско име било Ролихлахла, што во превод значи „проблематичар“. Името Нелсон го добил од својот наставник, бидејќи на почетокот на 20тиот век во Јужна Африка често биле давани англиски имиња поради присуството на британските колонии во земјата.
Повеќе од 20 години Мандела работел во Афричкиот национален конгрес, како член на опозициската партија која се залагала за граѓанските и човечки права на црниците во времето на апартхејдот.
Често се маскирал во шофер или кувар, за да ги избегне апсењата за своите политички активности. Сепак, уапсен е на 5 август 1962 година, облечен како шофер и тоа поради подигнување на штрајкови и напуштање на земјата без дозвола.
Мандела првобитно бил класифициран како затвореник од „Класа Д“, што значи дека му било дозволено да прими само една посета и само едно писмо на сњкои шест месеци, на островот Робен.
Во затворот живеел во мала келија без кревет и водовод, а бил присилен напорно да работи по цели денови. Поради работата си ги оштетил очите, така да подоцна не можел да плаче. Нема повеќе солзи.
Додека бил во затвор, тој го завршил нацртот на својата автобиографија „Долгиот пат до слободата“. За тоа време, Мандела ја одгледувал и градината, за која во книгата има напишано дека му пружи „мало чувство на слобода“ и дека тоа е „една од ретките работи кои може да се контролираат во затворот“.
Како младо момче се занимавал со бокс, во кој многу уживал, а долги години и трчал. Во затвор наводно, секое утро напорно трчал
Прв во фамилијата стекнал формално образование, а за време на студиите се занимавал со глума и танц. Бил единствениот црнец во правното училиште на Универзитетот Витватерсранд.
Во текот на неговото владеење, повеќе од 1,5 милиони јужноафрикански деца ги запишал на училиште, а два милиони луѓе добиле пристап за електрична енергја. Верувал во моќта на образованието и често истакнувал дека „образованието е најмоќното оружје кое може да го искористиме за да го промениме светот“.
Омилена храна му биле колбасите, а исто така бил и голем љубител на индиската храна, па затоа првиот оброк после излгувањето од затвор му бил пилешко во кари.
Мандела обожавал музика и често знаел како да запее некоја традиционална јужноафриканска песна, за ди ги развеселил неговите колеги.
За време на американскиот претседател Роналд реган, партијата на Нелсон се сметала за терористичка организација, така да бившиот јужноафрикански претседател технички бил на терористичката листа на САД до 2008 година.