Тренд // Мода
Златан Ибрахимовиќ во центарот на внимението во новата Dsquared2 кампања
Брендот Dsquared2 сакаше сила на вистинска sвезда во нивната кампања пролет / лето 2021 година, и ја најдоа во Златан Ибрахимовиќ
Шведскиот фудбалер и напаѓач на А.Ц. Милан, се најде во главната улога на нивната нова кампања, на која работеше фотографот Џанпаоло Сгура, со креативна насока дефинирана од Џовани Бјанко.
Во центарот на вниманието, Ибрахимовиќ се фотографираше во црно-бели фотографии.
Ванеса Рид беше стилистка на снимањето, а за познатиот фидбалер избра пролетни парчиња што ја рефлектираат инспирацијата на индустрискиот стил на Dsquared.
Како последно дополнување на семејството Dsquared2, Ибрахимовиќ соработуваше со модната куќа на неодамнешната капсулна колекција, која вклучува дуксери, маици и капи.