„Златната топка“ за Бензема, тоа ќе му донесе нешто посебно во Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема како и што очекуваше светската јавност, заслужено ја доби наградата „Златна топка“, кај дамите тоа и припадна на фудбалерката на Барселона, Алексија Путељас.

Оваа награда за Бензема ќе значи мотив повеќе за него и Реал Мадрид да ја продолжат соработката, засега имаат договор до 2023 година, но сега се на прагот да потпишат нов до 2024 година.

Бензема иако има 34 години, игра фантастично, во Реал е од 2009 година, запиша 615 натпревари за клубот, постигна 328 гола и забележа 160 асистенции.

Наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман ја доби Тибо Куртоа, додека Роберт Левандовски ја доби наградата Герд Милер за најдобар напаѓач.