Златен Македонец! Ивица Јанев се враќа со 6 златни медали од Србија

Ивица Јанев се враќа со 6 златни медали. 2 Пехари за Апсолутен Шампион и ПРО карта од Диамантскиот куп во Чачак и Трофеј на Чачак!


На 1 Април во Чачак се одржа Диамантски Куп или интернационално познат како Diamon Cup во организација на највисоко престижната Бодибилдинг и Фитнес федерација во Свет IFBB. 


На овој прв интернационален натпревар од ваков висок карактер учествуваа над 200 претставници од повеке земји од регионот и пошироко. Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Австрија, Бугарија, Турција, Молдавија, Романија, Унгарија, Украина и нашиот Ивица како единствен преставник од Македонија. 


Ивица Јанев целосно издоминира на овој натпревар освојувајки 3 златни медали и освојувајќи Професионална Карта, тешко престижно достигнување и признание за кое се бори секој од областа на фитнесот. 


Имено во Македонија има 3-4 со ПРО карти а сега Ивица е еден од нив.


Достигнувањата на Diаmond Cup Чачак кои ги оствари Ивица се следниве:

-Апсолутен шампион во Бодибилдинг Класик Физик Златна ера на Бодибилдинг!

-шампион до 90кг Бодибилдинг 

-Апсолутен Шампион во Бодибилдинг на Диманрскиот Куп Чачак. Победник над победниците, а со тоа се здоби со тешко престижната Про Карта. 


2 Април - Трофеј на Чачак! 

Достигнувања што ги оствари се следните:

-Апсолутен шампион во Бодибилдинг Класик Физик Златна ера на Бодибилдинг!

-шампион до 90кг Бодибилдинг 

-Апсолутен Шампион во Бодибилдинг, Апсолутен Победник на Трофеј Чачак!

Нашиот Македонец Ивица ИЦЕ целосно издоминира на Диамантскиот Куп во Чачак и Трофејот на Чачак!


Имено Ивица Јанев @icebbf во 2018 беше шампион на Златниот куп во Белград додека во 2019 беше државен шампион во Бодибилдинг до 90кг во Македонија и воедно и Асполутен државен шампион за 2019.


Истата 2019 година Ивица стана и Балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик, Златна ера на Бодибилдинг).