,,Златни дечко“- кога талентот носи големи проблеми
Судбината на
младите таленти во суровиот свет на фудбалот, кој одамна ги надмина границите
на спортот, борбата со пороците и внатрешните демони е тема на ,,Златни дечко“,
мини серија која е нов гол за српската продукција.
Серијата е инспирирана од бројни вистинити настани кои го опкружуваат светот на фудбалот, но во многу потсeтува на животниот пат на српскиот реперзентативец Немања Радоњиќ. Тој по блескавата кариера во голем странски клуб, се враќа во Чукарички и почнува со фудбалот од почеток. Во текот на целата кариера тој имал старател, кој го чувал од пороци и лошо друштво. Неговата задача била да го вози на тренинзи и тој бил одговорен да се погрижи спортистот секогаш да биде во топ форма. Во монетов тој игра за шпанскиот клуб Бенфика.
Модерната и аудиовизуелно исполирана серија, започнува со сцена на фудбалски натпревар, снимена со вртоглава камера со цел да се пренесе лудилото на главниот лик, „златното момче“. Откако постигна гол, импулсивниот Денис го прославува голот земајќи го корнер знаменцето и со него шмркајќи ја гол линијата, симулирајќи шмркање на кокаин.
Непромислениот гест ќе го чини самонаречениот „нов Марадона“ отказ од европскиот клуб и враќање во Србија заедно со менаџерот Чаки коj на улица го открил талентот на Денис и го спасил од сиромаштија.
Додека чека Чаки да му најде нов клуб, Денис се препушта на пороци од секаков вид и забави. Кога Чаки ќе “капитулира“, својот коцкарски долг ќе мора да го замени со продажба на Денис на браќата Ускоковиќ кои му го доделуваат поранешниот осуденик со златно срце Маки да го доведе во ред и тие да можат да заработат од неговиот талент.
Денис Муриќ кој маестрално го одигра ликот на Рама најдобриот другар на “Тома“ во истоимениот филм, повторно блеска, овој пат во улогата на Денис Марковиќ, ѕвездата во ,,Златни дечко“. Млад фудбалер со проблематичен темперамент, кој уште од мали нозе поради својот талент станува мета на разни интереси и запаѓа во бројни проблеми.
За потребите на улогата, Денис Муриќ шест месеци тренирал со професионални фудбалери.
Инаку, Денис пораснал во Косово, Косовска Митровица. На глума се запишал на убедување на актерката Аница Добра, чија ќерка Мина Совтиќ го подготвувала за приемниот испит.
Денис Муриќ за улогата на фудбалерот Денис Марковиќ во филмот „Златното момче“, летово освои Гран при на Филмскиот фестивал во Ниш за најдобро актерско остварување.
,,Златни дечко“ е дебитантскиот филм на режисерот Огњен Јанковиќ, кој балканската публика го знае како еден од раперите од групата ,,Белградски синдикат“.
Главните улоги во серијата која има пет продолженија ги толкуваатДенис Муриќ, Игор Бенчина, Андрија Кузмановиќ, Петар Стругар, Љубомир Булајиќ, Алиса Радаковиќ, Јована Гавриловиќ...
Хит серијата е снимена по истоимениот филм ,,Златни дечко“ а во секое време, во еден здив, од тросед може да ја погледнете на првата македонска стриминг платформа Gley.
Gley.tv е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, на компјутер, како и на MaxTV приемниците.
Пр текст