Живот // Живот
Златниот камен во Мјанмар: Спротиставување на законите и здравиот разум
Бидејќи интернетот е достапен, имаме можност да видиме многу необични места околу планетата и да гледаме од ден на ден колку е неверојатна и совршена нашата природа.
Чаитјо Пагода или Златен камен е гранитна мини карпа со тежина од неколку тони, што успешно балансира на самиот раб на бездната, а кога ветрот ќе дува се движи. Веќе 2.500 години изгледа дека ќе падне, но иако не е приврзан за ништо, тој се одржува на работ. Бидејќи овој необичен огромен камен му пркоси на законот за гравитација, мештаните го сметаат за посебен и затоа го покрија со злато. Денес е една од најголемите атракции во Мјанмар.