Златното капучино од 25 евра се распродаде за овогодинешните празници
Дубаи стана речиси синоним за луксуз и малку се местата каде тоа е поочигледно од хотелот Бурџ Ал Араб, кој е познат како најлуксузниот хотел во
светот.
Оваа зима, хотелот сака да ја претвори секојдневната рутина на повеќето луѓе во луксузно искуство, па наместо вообичаеното кафе, на своите гости им нуди капучино направено од вистинско 24-каратно злато. Хотелот дошол до оваа идеја откако ги слушнал желбите на своите многу богати гости, кои сакале нешто поинаку.
Така, тие додале поголема количина на злато од 24 карати кое е јадливо на капучиното и го претставиле премиум златното капучино.
Ultimate Gold Cappuccino се нуди во салонот Sahn Eddar, кој се наоѓа во атриумот на хотелот. Кафето е направено од 100% зрна Арабика, кои потоа се комбинираат со пенато млеко кое се меша „со дарежлива количина на луксузно 24-каратно злато“. Пијалокот (безбеден за консумирање) потоа се посипува со златни снегулки - дизајн на Бурџ Ал Араб. Кој ќе нарача капучино, добива и чоколаден бел слез, попрскан со фини златни листови.
Златното капучино се служи во порцелански комплет кој исто така е украсен со злато. Ако се прашувате дали ова капучино ќе ве чини повеќе од вообичаеното утринско кафе, тогаш одговорот е да бидејќи чини околу 25 евра, но цената не им пречи на оние кои го нарачуваат.