Знаеш дека секоја грепка е добитна со „Чупа Чупс“ - Крцкаво новогодишно засладување и наградување“ во „Рамстор“ маркетите?!
Новогодишната магија е веќе тука, а брендот „Чупа Чупс“ ја прави уште послатка и повозбудлива со наградната игра „Крцкаво новогодишно засладување и наградување“!
Оваа година, радоста на новогодишните празници ќе биде „неверојатна“ со слатки моменти и можност да освоите неверојатни награди.
Од 18-ти декември 2024 до 18-ти февруари 2025, посетете ги „Рамстор“ маркетите низ Северна Македонија, купете „Чупа Чупс“ производи во вредност од 89 денари или повеќе и добијте грепка на каса.
Секоја грепка носи изненадување – затоа што оваа година сите се добитници!
Што ве очекува?
Најсреќните љубители на „Чупа Чупс“ ќе си заминат со кул награди кои се идеални за новата година:
• Таблет за беспрекорно дигитално искуство;
• Електричен тротинет за најкул возење во градот;
• Велосипед за авантуристите со стил;
Како и шпил карти, перничиња за патувања, чадори, сетови со подметачи, несесери и лижавчиња.
„Со оваа наградна игра сакаме на сите да им евоцираме спомени од детството. Слатко задоволство и големи насмевки – тоа е „Чупа Чупс“. Ние веруваме дека секој заслужува подарок за празниците и затоа сите наши 4.000 грепки се добитни,“ изјави Дедо Мраз во шеговит стил.
Кампањата се одвива низ „Рамстор“ маркетите во земјава: Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Кичево, Куманово и Струмица.
Како да учествувате?
1. Купете „Чупа Чупс“ производи од кој било „Рамстор“ маркет за 89 денари или повеќе.
2. Подигнете грепка на каса.
3. Освојте награда веднаш и започнете ја новата година со стил!
„Чупа Чупс“ секогаш бил повеќе од бренд – тоа е вкус на радоста. Време е да си ја разубавиме новата година, едно слатко крцкаво засладување и наградување за секого!“ – додаде организаторот на кампањата.
За сите детали и правила на играта посетете ја веб страната: www.puzzleconnection.eu/chupachups
ПР објава