Знаете ли кои се придобивките од сексот наутро? Експертите го имаат одговорот

Според истражувањето на Mattress Advisor, луѓето кои биле задоволни од нивната врска имаат тенденција да имаат утрински секс, повеќе пти во месецот отколку незадоволните парови.

Истражувањето во кое учествувале илјада возрасни парови на Mattress Advisor покажало дека 58 отсто од жените едноставно не се заинтересирани за редовен утрински секс, особено за викендите кога сакаат да спијат малку подолго, пренесува Shape.

Но, како што велат експертите, утринскиот секс е многу добар за вашето здравје - кога ќе ги слушнете сите придобивки што ги има, можеби навистина ќе почнете да уживате во него.

Ментално сте поопуштени

После напорниот работен ден, не е ни чудо што понекогаш сексот може да биде последното нешто што го сакате навечер. Додека стресот е една од најголемите пречка за либидото и оргазмот, вашата ментална состојба е подобра наутро. Добро се одморивте и сè уште ништо не ви го расипало расположението или не ве изморило. Ова е една од причините зошто утрата се идеални за секс – и двајцата партнери се одморени и опуштени.

Телото е опуштено

Сексот по будењето може да биде подобар, бидејќи карличниот под не се стеснува од стрес и пулсот е помал, што може да ви помогне да се опуштите и да се чувствувате позадоволни.

Поголем сексуален нагон

Тестостеронот е највисок наутро. Ова важи и за двата пола, но особено мажите можат да доживеат врвни сексуални нагони наутро и да имаат посилни и подолготрајни ерекции. Интересно е што, според истражувањата, мажите имаат тенденција да имаат поголем сексуален нагон наутро, додека жените се порасположени навечер. Ова може да биде затоа што естрогенот, кај жените, го достигнува својот врв ноќе.

Ќе се подготвите за тој ден

Без разлика дали доживувате оргазам или не, сепак ќе ги добиете сите неверојатни здравствени придобивки од сексот, вклучително и зголемување на допаминот и серотонинот, таканаречените „хормони на среќата“. Едно истражување покажа дека 53 отсто од мажите и 45 отсто од жените велат дека денот им е попродуктивен после утринскиот секс.

Тоа е вистински тренинг

Сексот е вежбање. Тоа е добар начин да ги обликувате вашите мускули, а може дури и да ви помогне да изгубите тежина. Започнувањето на утрото со секс може да има различни придобивки: би можеле да согорите повеќе масти, да внесувате помалку непотребни калории во текот на денот, да спиете подобро навечер и да бидете поактивни во остатокот од денот.


Фото: Freepik