Знаете ли што е ванила секс и на што се должи неговата популарност?
Ванила сексот не е ништо ново во светот на интимноста и сексуалноста, но никогаш не престанал да биде дел од животот на повеќето парови...
Дали некогаш сте слушнале за терминот „ванила секс“?
Дефиницијата за овој тип на сексуален однос е обичен, конвенционален секс кој отфрла секаков садо-мазо или фетишизам. Имено, Хали Либерман, историчар на сексот и сексуалноста, како и авторката на книгата „Buzz: Stimulating history of the sex toy“, истакна дека овој тренд најверојатно го дефинирал движењето од седумдесеттите години на минатиот век.
Бидејќи ванилата е „најчестиот“ вкус на сладолед, а во речникот на Оксфорд е дефинирана како нешто конвенционално и основно, оваа метафора се најде во едноставниот сексуален однос. Постои и мислење на некои експерти дека овој термин го смислиле луѓе со хомосексуална ориентација, за да ги претстават своите односи како „подеднакво обични“.
- Порано нормалниот секс беше секс за создавање бебиња. Порано се што беше креативно се сметаше за ненормално и така луѓето ги поместуваа границите – смета Либерман.
Како изгледа „ванила секс“?
Ванила сексот вклучува мисионерска поза, со една личност, во темница. Според истражувањата, се повеќе луѓе го класифицираат оралниот секс како „ванила“, но аналниот сѐ уште е табу тема.
Ако имате играчка покрај креветот, не сте љубител на ванила секс!
Интересно е тоа што и покрај тоа што некои го сметаат за монотоно, сепак е една од најпопуларните интимни врски бидејќи обезбедува сигурност и отсуство на непријатност или какви било непријатни изненадувања.