Зоран Павлоски, чија сопруга беше прегазена и усмртена на тротоар, до семејството на Фросина и до судството: Го молам Господ да ви даде сила да издржите, ве чека тежок неподнослив пат
И Господ да ни е напомош кога сме на улица. Ова го вели Зоран Павлоски кој пред неполни 10 години ја изгуби својата сопруга Сузана Тодоровска-Павлоска, новинарка во МРТ. Таа беше прегазена и усмртена на тротоар на раскрсницата кај тц Зебра. Зоран е музичар, вработен во Македонска Опера и Балет, ја има 26- годишната ќерка Душица.
-Убиецот ни нанесе непоправлива штета и душевна болка на моето семејство и на сите блиски, болка што не му ја посакувам на никого. Нема да ви ги раскажувам деталите за настанот, премногу се болни. Би сакал да им се обратам прво на родителите и сестрата, и сите блиски на загинатата Фросина. Прво, примете го моето најискрено сочувство. Ви посакувам што поскоро да си го најдете мирот во себеси, ама тоа нема да се случи, барем не во следните десетина години. Ќе заборавите на насмевка, ќе заборавите на добро расположение. Ви посакувам да соберете сила за сите идни непроспиени ноќи, бидејќи болката не исчезнува никогаш, само се потиснува внатре во вас и ве јаде пополека. Убиецот на Фросина не ја уби само неа, ве уби сите вас, ви направи непоправлива штета, ве осакати за цел живот. Го молам Господ да ви даде сила да издржите, ве чека тежок неподнослив пат.- вели Павлоски.
Тој се обраќа и до ОЈО, до Судството, до МВР, до државата.
Целиот текст на ЖЕНСКИ МАГАЗИН