Зошто е многу важно да го започнете денот со чаша вода на празен желудник?
Фитнес тренерите и нутриционистите ве советуваат веднаш откако ќе се разбудите треба да испиете чаша вода.
Водата е важна за здравјето на целиот организам. Исклучително му е потребна на вашето тело, па затоа треба да пиете редовно.
Водата има голема улога кога станува збор за вашето расположение, телесната температура, здравјето на кожата и различни процеси во организмот.
Пред појадокот треба да испиете помеѓу 250 и 500 мл вода. Ако вежбате надвор или ако е топло, тогаш треба да пиете уште повеќе вода.
Може да пиете топла, студена, вода со лимон, лимета, но треба да избегнувате газирана вода.
Ќе ве расони
Не мора да го замените утринското кафе со вода, но треба да испиете една чаша пред кој било топол пијалак.
Ако не појадувате и почнете да пиете вода наутро, оваа навика ќе се промени.
Го подобрува расположението
Кога сте дехидрирани, обично сте нервозни. Започнете го денот со чаша вода за да бидете подобро расположени.
Одлична е за кожата
Ако забележите дека вашата кожа е безживотна и сува, тоа ќе се промени кога ќе почнете да пиете вода. Водата ќе ви помогне да имате здрава и свежа кожа.