ЗОШТО не можете да си најдете девојка: Парите не се главна причина
На доста од нас ни се имаат јавено и прашано „како да си најдам девојка“. Како што и самите знаете, ова не е лесна задача, бидејќи мора да и се допаднете на девојката и мора да ја шармирате ако сакате да добиете прилика да запловите со нејзе во љубовните води. Многу сметаат дека парите се главниот адут при освојувањето на девојка, но постојат и други важни фактори кои влијаат врз тоа.
Затоа одлучивме да ви ги претставиме петте најглавни причини поради кои не можете се уште да ја пронајдете вашата поубава половина:
1.Местото каде што се движите
За да можете да заведете некоја девојка, прво мора да бидете во близина на девојки. Ако се движите на места каде што не одат девојки и каде што не запознавате нови луѓе, тогаш тешко дека ќе најдете девојка која ќе ви одговара. Затоа е многу важно да одите на места каде излегуваат повеќе луѓе и каде ќе имате прилика да се запознаете со поголем број на девојки.
2.Физички изглед
Луѓето можат да зборуваат колку сакаат дека внатрешната убавина е најважна, но факт е дека за првиот контакт ви е неопходен привлечниот физички изглед. Поради тоа, многу е важно да се посветите на вашиот изглед. Тоа подразбира водење грижа за хигиената, за вашата брада и коса, облеката која ја носите, како и физичкиот изглед и состојбата на вашето тело. Ако сето ова го доведете до максимум, тогаш ќе бидете доста привлечни и жените повеќе ќе се интересираат за вас.
3.Незаинтересираност
За да ги шармирате девојките мора да им се допаднете. Ако сте некој кој има досадни приказни и кој често зборува за спортот и политиката, тогаш немојте да се чудите зошто девојките не сакаат да поминат време со вас. Обидете се да пронајдете нормални теми од секојдневието и да разговарате за нешто интересно и така ќе остварите многу поубав контакт со припадничките на понежниот пол.
4.Поглед кон иднината
Девојките сакаат да бидат со мажи кои имаат визија и кои сакаат нешто да направат од својот живот. Па, ако не сте многу сериозни и ако живеете од денес за утре, тогаш многу потешко ќе пронајдете девојка која ќе сака да биде со вас. Потребно е да и ја покажете вашата желба за позитвна иднина и така многу полесно ќе ја привлечете.
5.Недостаток на емоции
Без разлика дали вие го сакате тоа или не, девојките бараат емотивни мажи со кои ќе можат да се сочувствуваат, а ако сте некој кој тешко ги изразува своите емоции или не сакате да слушате женски проблеми, тогаш многу тешко ќе пронајдете девојка, бидејќи за нив е важно да имаат покрај себе дечко кој ќе ги сослуша и ќе биде тука за нив. Ако девојките забележат дека сте бесчувствителни кога ќе ве запознаат, многу брзо ќе се исклучат од разговорот со вас и нема да сакаат да се впуштат во никава врска или авантура.