Зошто ниту едно национално знаме нема виолетова боја?

Виолетова боја никогаш не претставувала кралство, империја или држава. Но, што не е во ред со оваа боја, која денес е многу популарна? И, зошто ниту едно знаме нема виолетова боја?

Одговорот е едноставен - виолетовата боја била прескапа до 1800-тите. Поради тоа, честопати била поврзувана со моќ, власт и богатство. Дури и кралицата Елизабета Прва им забранила на сите, освен на блиските членови на кралското семејство, да ја носат оваа боја.

View this post on Instagram

A post shared by Kristin Froberg (@kristinlv426) on


Виолетовата боја била многу ценета затоа што беше ретка. Оригиналната виолетова боја е добиена од мал морски полжав што може да се најде само во областа на денешен Либан.

И не само што било тешко да се добие бојата, туку и биле потребни околу 10.000 морски полжави за да се направи еден грам виолетова боја. Од таа причина, само богатите и кралските семејства можеле да си дозволат нешто во виолетова боја.

Исто така, виолетовата боја честопати претставувала духовност и светост затоа што античките владетели кои ја носеле се сметале за богови или Божји гласници на земјата.

Сепак, понекогаш оваа боја била скапа дури и за најбогатите. Римскиот владетел Аурелијан, кој владеел во 3 век, не и дозволил на неговата сопруга да купи шалови и наметки обоени во виолетова боја, затоа што тоа задоволство го чинело 3 пати поповеќе од неговата тежина во злато!

Според некои пресметки, 350 грама виолетова боја чинеле дури три купови злато, што денес би биле приближно 56.000 американски долари. Дури и најбогатите земји не можеле да си дозволат да ја имаат оваа боја на нивното знаме.

Достапноста на пурпурната боја започна околу 1856 година, кога осумнаесетгодишниот англиски хемичар Вилијам Хенри Пркин сосема случајно направил синтетичка виолетова боја, обидувајќи се да направи лек за маларија.

Од тој момент започнало и масовното производство на виолетова ткаенина, а оние со кралска крв повеќе не ја ценеле оваа боја. Поради оваа причина, денес може да се најде на некои од знамињата создадени само по 1900-тите.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Зошто и од каде потекнува традицијата за спуштање на знамето на половина копје?