Зошто се препорачува секој ден да јадете лубеница?
Време е да седнете под дрво и да уживате во овој освежителен зеленчук, особено кога надвор е топло. Тоа што лубениците се полни со вода, не значи дека не содржат и некои од најсилните антиоксиданси.
Лубеницата се состои од 92% вода, па така што овој зеленчук е одличен избор за деновите од летото. Диетичарот Џанел Фанк објаснува дека „лубеницата содржи ликопен, кој ги штити ќелиите на кожата од оштетување од сонцето“.
Во продолжение Ви подаруваме шест причини зошто треба почесто да јадете лубеница:
1. Лубениците се полни со ликопен
Ликопенот е растителен пигмент што се наоѓа во црвените растителни плодови, како домати и лубеници. Научниците неодамна откриле дека лубеницата има ист или повеќе ликопен од доматите. Едно парче лубеница содржи 18,16 мг. ликопен, додека среден домат содржи 4 мг.
2. Витамин Ц
Едно парче лубеница задоволува дури 25% од дневната потреба за витамин Ц. Витаминот Ц е важен за здравите заби и непца, помага во апсорпцијата на железо, го одржува здравјето на сврзното ткиво на кожата, имунолошките функции и заздравувањето на раните. Овој витамин исто така има антиоксидантни својства, така што го спречува оштетувањето на клетките со неутрализирање на слобдоните радикали - молекули за кои се верува дека се поврзани со стареењето и бојата на одредени болести. Постојат сè поголеми докази дека луѓето кои јадат доволно овошје и зеленчук за да ги задоволат дневните потребни за витаминот Ц, имаат поздрав крвен притисок од оние кои не јадат доволно од овие продукти.
3. Изградете имунолошки систем
Лубеницата го содржи и витаминот А, кој игра важна улога во здравјето на очите, растот на коските, репродукцијата и поделбата на клетките. Витаминот А е витален за многу функции, вклучувајќи го и регулирањето на имунолошкиот систем и производството на лимфоцити. Едно парче обезбедува 30% од дневните потребни, а редовната конзумација ќе го зајакнете вашиот имунолошки систем.
4. Може да ослабете на здрав начин
Бидејќи во многу земји, повеќе од 60% од возрасните се со прекумерна тежина, ризикот од хронични заболувања се зголемува. Доколку сакате да го намалите својот ризик фактор, имајте на ум дека едно парче лубеница има само 40 калории. Вкусниот зеленчук е нискокалоричен, но е богат со хранливи материи.
5. Го чува вашето срце здраво
Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат најмалку три оброци кои содржат овошје и зеленчук во текот на денот, имаат значително помал ризик од смрт предизвикана од мозочен удар, но и од срцеви заболувања, отколку луѓето кои јадат само еден таков оброк на ден. Тоа е така, бидејќи лубеницата е хранлива, а не го оптеретува организмот со маснотии. Затоа наместо чоколади и чипс, за ужина исчете си лубеница.
6. Природно внесување на вода
Една чашка лубеница на коцки содржи околу 90% вода. Оваа течност не ги содржи вообичаените хемиски состојки од водоводот и амбалажите, па затоа се смета за најдобар извор на течност во организмот.
Извор: zenasamja.me