Зошто сме уморни после секс?
Има добри шанси неколку пати да сте се нашле во смирувачка исцрпена состојба откако сте биле интимни со вашата поубава половина...
Кога еден од партнерите ќе падне во „кома“ веднаш по сексот, тој што ќе остане буден сигурно ќе биде многу лут, но всушност, постојат многу причини зошто луѓето спијат по овие убави активности, а не мора да значи дека некој од учесниците е незаинтересиран.
Неколку од најочигледните причини за тоа се фактот дека сексот обично се случува во вечерните часови, по долг работен ден или физички исцрпувачки вежби. Меѓутоа, во игра се и голем број хемиски и физиолошки процеси. Накратко, една од главните причини за спиење после секс е физичкиот недостаток на енергија.
За време на чинот на љубовта, вашиот крвен притисок и протокот на крв се зголемуваат и има зголемено ослободување на ендорфин. Сексот доведува до создавање на чувство кое се јавува исто како и после секоја спортска активност, а не мора ни да споменуваме дека не сме сите спортисти. Дополнително, ако сте со лошо здравје и страдате од кардиоваскуларни болести, сексот може да стане уште поисцрпувачки.
Од друга страна, кога доживувате оргазам, вашиот мозок ослободува коктел од неврохемикалии кои ве уморуваат, а тоа важи и за жените, кои исто така имаат значително ослободување на окситоцин по климаксот.
Покрај оваа хемикалија, мажите и жените ослободуваат везопресин, пролактин, сератонин, азотен оксид и ендорфин. Некои од овие супстанции не се ослободуваат до кулминација, така што оваа ставка може да одлучи дали се чувствувате поспани или не по сексот. Се разбира, мажите и жените може различно да реагираат на некои од овие хемикалии, но дополнително, сексот може емоционално да исцрпува.
Сексот исто така може да ви помогне да се чувствувате безбедно и приземјено. Ако врската била добра, таа ви носи поврзаност, блискост со партнерот, релаксација и спокојство, а сите овие работи водат до сон.
Како што веќе наведовме, може да се чувствувате и целосно емоционално исцрпени по сексот, а оваа состојба настанува главно поради преплавеното чувство на љубов или возбуда, што секако може да доведе до исцрпување на енергијата. За многу луѓе, сексуалното отворање може дополнително да ја зголеми ранливоста и да земе одредена количина на емоционална енергија.
Дополнително, стресот може да има влијание врз тоа дали некој се чувствува поспано или не по сексот. Во случај кога некој е навистина под стрес од какво било потекло и се впушта во сексуална активност, можеби сакајќи да се ослободи од тоа, веднаш откако ќе ја доживее кулминацијата ќе се чувствува уште поуморен.
Одговорот на сексот варира од личност до личност, некои луѓе изгледаат поенергично во врска со тоа и се подготвени да го освојат светот, додека други можеби не сакаат ништо повеќе освен да дремнат во удобноста на прегратките на својата сакана/сакан.